Наполи не успеа да слави на гостувањето кај Калјари (1-1) и остана на третата позиција на табелата во Серија А. Тренерот Лучијано Спалети во текот на мечот имаше жестока дискусија со Елиф Елмас, но за тактичкиот дел и поставеноста на тимот на натпреварот.
„Не бевме на потребното ниво. Правевме грешки во градењето на играта, како да се плашевме да наметнеме своја игра. Ова беше компликуван меч за нас, а Калјари можеби заслужи и повеќе од бод. Ние можеме да бидеме и среќни со ремито бидејќи дојдовме по еден многу тежок натпревар во Лигата на Европа. Дуелот со Барселона остави трага на нашиот тим “, изјави Лучијано Спалети.