Овој викенд на програмата се натпреварите од 12. коло во Третата фудбалска лига/Југозапад.
Првопласираниот Караорман гостува кај незгодниот градски ривал Влазними.
Пред натпреварот изјава за СпортПрес даде капитенот на Караорман, Ивица Ќелешоски.
“Дуелот со Влазними е последен од есенската полусезона. Се работи за градско дерби и секогаш било неизвесно. Се работи за квалитетен противник а тоа не го отсликува моменталната позиција на табелата. Во вакви натпревари ќе победи оној кој ќе влезе помотивирано” – изјави поранешниот играч на Напредок и Пелистер.
“Нашата цел е јасна, освојување на трите бода и задржување на првата позиција на табелата.” – дополни 31 годишниот напаѓач на Караорман.
Натпреварот е закажан за надела со почеток во 13:00 на стадионот од Влазними а делител на правдата ќе биде Садик Таири.