Францускиот кошаркар Еван Фурние во последно време не е на висината на задачата и игра со скромен учинок на терените во НБА. Њујорк Никс во последните неколку дена играше со Сан Антонио и Индијана, а францускиот кошаркар на двата натпревари постигна само седум поени.
Неговото оправдување за лошите игри на последните два натпревари е лошиот стек што го изеде во Сан Антонио. Така барем се правдата во видеото.
„Искрено, бев многу подобар од овие два натпревари. Нема да ви го кажам името на ресторанот, но јадев ужасен стек во Сан Антонио“, рече Фурние и додаде:
„Како добив труење со храна, не можев да се движам. Сега имам време да закрепнам“.
Фурние оваа сезона има просек од 12,8 поени по натпревар, а Никс имаат сооднос од 12 победи и 13 порази.