Чикаго Булс одигра неверојатен четврти период и направи голем пресврт на гостувањето кај Бостон (114:128), додека Филаделфија не погреши пред своите фанови и без Џоел Ембид во тимот го совлада Портланд (113:103).
Бостон ја имаше контролата на резултатот три четвртини, влезе во последниот период со предност од 12 поени, за на крајот Чикаго да слави со плус четиринаесет, добивајќи ја последната делница со 11:39.
ДеРозен со 37 и ЛаВин со 26 поени биле најдобри реализатори во редовите на „биковите“, додека Браун постигна 28 поени во тимот на Бостон.
Филаделфија ја забележа третата победа во серија, овој пат над Портланд и во моментов е на третото место во Источната конференција.
Кари со 23 и Нианг со 21 поен биле најзаслужни за победата на домашниот тим, во чии редови одмор доби првата ѕвезда Ембид.
Шарлот – Кливленд 110:113
Индијана – Сан Антонио 131:118
Филаделфија – Портланд 113:103
Атланта – Вашингтон 118:111
Бостон – Чикаго 114:128
Њујорк – Торонто 104:113
Мемфис – Денвер 106:97
Минесота – Орландо 97:115
Л.А Клиперс – Оклахома Сити 99:94