Регионалното натпреварување денеска ги соопшти казните за последните два натпревари. Црно-белите како домаќини на четвртиот натпревар од финалето ќе мораат да платат 27.500 евра поради пропусти во организацијата. Кошаркарот на Партизан, Урош Трифуновиќ ќе мора да плати 1.000 евра за недолично однесување.
Домаќин на мајсторката беше Црвена Звезда, а поради прекините и инцидентите на овој натпревар, клубот е казнет со 45.000 евра. Никола Калиниќ, кој недолично се однесувал кон клупата на Партизан ќе мора да уплати 1.500 евра на сметката на АБА.