Андреа Пирло веќе е промовиран како нов тренер на турскиот прволигаш Карагумрук, па италијанскиот стручњак мора да размислува и за потребните засилувања во пресрет на новата сезона.
Амбициозниот клуб има потреба од искусни фудбалери, а италијанскиот стручњак пикирал досегашен играч на Манчестер Јунајтед.
Се работи за Хуан Мата, фудбалерот кој ова лето реши да замине од „Олд Трафорд“ и бара клуб во кој ќе има можност да настапува стандардно во текот на сезоната.
Карагумрук може да ги исполни и финансиските барања на Мата, а искусниот играч за врска сигурно би сакал да соработува со Пирло, кој досега го водеше само Јувентус.
Турските медиуми тврдат дека двете страни веќе ги започнале преговорите и нема да биде изненадување ако уште наредните денови Мата биде промовиран во нов клуб.