Кошаркарите на Барселона синоќа ја совладаа екипата на Манреса (87-77) во меч од 22. коло на шпанската АЦБ лига. Еден момент долго ќе се памети, по забивањето на Девин Робинсон, кошаркар од поразениот тим, кое веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

Американецот во втората четвртина истрча до офанзивен скок и ја заби топката во обрачот фаќајќи ја во лет и тоа преку поранешен НБА центар, Вили Ернангомес. Тој буквално го „уфрли“ во кошот, а се дополнително се зголеми со реакцијата на коментаторите, но и описот на официјалниот профил на Ендеса лигата.

Шпанскиот репрезентативец брзо стана предмет на потсмев, а Робинсон беше прогласен за креатор на забивањето на годината.

https://twitter.com/i/status/1756745308673839389