Енис Барди беше стрелец на погодок во триумфот на Трабзонспор од 2-0 против Хатајспор во 25. коло од турскиот шампионат.
Трабзонспор конечно ја прекина серијата од четири порази во Суперлигата, а првиот гол против Хатајспор беше дело на Трезеге во 49. минута, додека вториот го постигна македонскиот репрезентативец Барди во 77. минута.
Екипата на Барди се наоѓа на третата позиција со 40 бодови, па до крајот на сезоната ги чека тешка битка за пласман на позициите кои водат во европските купови.
https://twitter.com/i/status/1757067415102296159
Последен пат Барди беше стрелец за својот клуб на почетокот на септември кога даде два погодоци против Касимпаша.
Барди досега постигна три гола и четири асистенции за Трабзонспор во турското првенство.