Каратистот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација кој се закити со медал на шампионатот.
Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој го освои сребрениот медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.
Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.