Македонското карате сигурно ќе се закити со медал на Европското првенство (ЕП) во Задар, откако нашата Михаела Мишовска со четири победи по ред во категоријата до 50 килограми се пласира во големото финале каде ќе се бори за златото.
Таа почна со триумфи над Ерминија Пефето (Италија), Маријама Васадзе (Грузија) и Корал Амос (Израел) во групната фаза, по што во полуфиналето беше подобра од Стилијани-Елени Цилија (Грција). Нејзина противничка во битката за златниот медал ќе биде домашната натпреварувачка Ема Сгардели.
Шанса да дојде до медал има и Петар Заборски, кој утре ќе има дуел за бронзата против Тијаго Дуарте (Португалија).