Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски игра одлично во тимот на шкотскиот Абердин, ја има сезоната на кариерата и до крајот ќе се обиде да дојде до едно импресивно достигнување кое е старо дури 45 години.
Миовски има постигнато 25 голови во сите конкуренции оваа сезона, а кога последен пат играч завршил со 30+ гола во една сезона беше во 1978/79.
До крајот Абердин го чекаат уште три натпревари, па така Македонецот може да стане првиот играч кој дал 30+ гола во црвениот дрес по скоро половина век.
Последен играч кој дал 30+ гола е Џо Харпер, кој сезоната ја заврши со 32 гола