Италијанскиот прволигаш Фиорентина веќе втора година по ред ќе игра во финале на Конференциската Лига на УЕФА.

Клубот од Фиреца остана непоразен на вчерашното гостување во Белгија кај Бриж (1-1), резулат кој беше доволен да се пласира во финалето бидејќи калчолигашот во првото соочување се избори за победа од 3-2.

 

Домаќините долго време имаа предност нанатпреварот и тоа преку Ванакен (20 минута), но гостите од Италија се изборија за пенал во 85 минута кој го искористи Белтран 1-1 и место во завршната битка во ова натпреварување каде за ривал ќе го има подобриот од дуелот Олимпијакос-Астон Вила.

Инаку Фиорентина и минатата сезона играше во финалето каде загуби од Вест Хем со 2-1.