Екипата на Баер Леверкузен одигра 2-2 против Рома во реваншот од полуфиналето во Лига Европа и обезбеди финале против Аталанта, која претходно го совлада Марсеј со 3-0.

Рома беше на прагот на чудо, со двата пенали на Леандро Паредес  во43 и 66 минута имаше 0-2 во Леверкузен и можност да се бори за продолженија и да му го нанесе првиот пораз на непобедливиот Баер оваа сезона. Но, потоа Манчини си даде несреќен автогол во 82.минута, а Станишиќ во 97.минута успеа да израмни на 2-2.

ГолманотРаде Свилар беше неверојатен на голот на Рома, правеше чуда, имаше 11 одбрани и практично тој долго време ја одржуваше својата екипа во живот.

Баер го доби првиот меч со 2-0 во Рим, меѓутоа во завршницата „фармацевтите“ се спасија од пораз.

 

 

Аталанта го победи Олимпик Марсеј со 3-0. Првиот меч во Франција заврши 1-1.

Лукман го отвори резултатот, Руџери зголеми на 2-0, а Ел Билал Туре во судиското продолжение го потврди триумфот и пласманот во финалето на Лига Европа.

Мечот за пехарот е закажан за 22 мај од 21 часот.