Фудбалерите на шпанскиот хит Жирона триумфираа со 4-1 против тимот на Кадиз во 32. коло од шпанската Ла Лига, освоија нови три бодови и се поблиску се до место во ЛШ.
Гарсија во деветтата минута ѝ донесе водство на домашната екипа, а во продолжение погоди и Мартин за предност од 2-0 на Жирона.
Украинецот Довбик постигна гол за 3-0 во 71. минута, по што стана јасно дека Жирона е блиску до трите бода. Сепак, Ескаланте намали на 1-3 во 81. минута, но набрзо Порту погоди за конечни 4-1.
Жирона е на третата позиција во Ла Лига со 68 бодови, додека Атлетико Мадрид има 61 бод.