Руската фудбалска федерација интензивно размислува да ги напушти европските натпреварувања и да се пресели под „азиската капа“ каде што има помалку противници .
Неделава во Доха се одржува конгресот на ФИФА на кој може да се дознае повеќе за плановите на ФИФА за Русија. Според руските медиуми, ФИФА е наклонета да не ја има Русија на дневен ред сега, туку на лето, но некои европски федерации инсистираат на тоа, тврдат извори од Руската фудбалска федерација.
Русите сметаат дека едно од можните сценарија, за нив поприфатливо е дисквалификација на две години, што по некое време може да стане условно, а секако најтешкиот удар би било целосното исклучување на Русија.
Во случај на суспензија, Руската фудбалска федерација размислува да го напушти членството во УЕФА и да се приклучи на Азиската конфедерација по истекот на казната.
Русите напоменуваат дека ова нема да биде прв случај, слично нешто се случи со влезот на Израел во УЕФА и напуштањето на Азиската фудбалска федерација откако стана јасно дека не може да игра натпревари со дел од репрезентациите. Русите сметаат дека дел од европските репрезентации и клубови нема да сакаат да играат со нив додека таков притисок нема да биде присутен во Азија.