Селекторот на австриската фудбалска репрезентација Франко Фода (55) објави дека се повлекува од таа функција, преземајќи ја одговорноста бидејќи Австрија не се пласираше на Светското првенство.
Фода на 30 октомври 2017 година го наследи Швајцарецот Марсел Колер на австриската клупа и оттогаш ја предводеше Австрија на 48 натпревари.
Како што најави, Германецот ќе се повлече во вторник по пријателскиот натпревар меѓу Австрија и Шкотска. Неговиот договор истекува кон крајот на овој месец, а Фода реши да се повлече откако Австрија беше поразена од Велс (1-2).
Не се пласиравме на Мундијалот и јас ја преземам целосната одговорност за тоа“, изјави Фода на прес-конференција и истакна дека одлуката ја донел во неделата и ја соопштил на репрезентацијата.