Денеска се играат најголемите дерби натпревари во Шпанија, Англија, Франција и Италија.

Денеска е СУПЕР НЕДЕЛА, ден за фудбал. Затоа од 16:15 часот па до вечер, сместете се во своите фотелји пред ТВ приемници и уживајте. И се разбира мобилните или другите апарати да се до вас, да видите што има најново на порталите во врска со супер дерби мечевите.

Почнуваме со Барселона – Реал Мадрид и тоа од 16:15 часот. Продолжува супер денот со битката за Англија, меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул од 17:30 часот. Потоа во 20:45 часот ќе се следат дуелите меѓу Марсеј – ПСЖ и Интер – Јувентус.

*Бонус натпревар дуелот меѓу Рома и Наполи во 18:00.

Во Марсеј ќе “гори“, доаѓа вечниот и пребогат ривал кој се уште нема пехар во ЛШ, а нели Марсеј има.

Зарем некој може да биде рамнодушен кога се игра „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јуве, двата вечни непријатели.

ПРОГРАМА:

16:15 – БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД

17:30 – МАНЧЕСТЕР Ј. – ЛИВЕРПУЛ

18:00 – РОМА – НАПОЛИ

20:45 – МАРСЕЈ – ПСЖ

20:45 – ИНТЕР – ЈУВЕНТУС