Далас славеше со 103-95 на гостувањето кај Торонто во рамки на НБА-лигата.

Маверикс до триумфот ги предводеше Лука Дончиќ, кој за само еден скок не запиша трипл-дабл, бидејќи натпреварот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и девет скока. Словенецот имаше голема помош од Тим Хардавеј Јуниор, кој постигна 25 поени.

 

Шампионот Милвоки се опорави од дебаклот кај Мајами пред два дена и утринава славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 121-111. Крис Мидлтон беше најдобар во тимот на Бакс со 28 поени.

 

Пол Џорџ реализираше 41 поен и 10 скока за Лос Анџелес клиперс, но и тоа не беше доволно за триумф против Мемфис, кој се радуваше во „Стејплс центарот“ со 114-120.

 

На останатите натпревари:
Кливленд – Атланта 101-95
Индијана – Мајами 102-91
Чикаго – Детроит 97-82
Минесота – Њу Орлеанс 98-87
ПОртланд – Феникс 134-105