Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Никола Миротиќ синоќа со својата Барселона ја совлада Црвена звезда како дел од најквалитетното натпреварување во Европа. Резултатот беше 69:76, а шпанскиот кошаркар со црногорско потекло постигна 10 поени со 7 скока.
Миротиќ кога и да дојде во Белград има само пофални зборови за навивачите на Звезда, а еднаш му беше доделена и наградата „Ѕвезда на годината“. Сепак, дел од навивачите не ни знаат дека тој е симпатизер на вечниот ривал на Партизан. Поранешниот играч на Чикаго за Спорт зборуваше за својата навивачка посветеност пред 10 години, како и за пробите во Партизан.
– Од мали нозе бев жесток навивач на Партизан. Сите во семејството беа симпатизери на Црвена звезда, а јас знаев само за црно и бело. Бев пресреќен кога дојдов, го одработив тренингот и одиграв еден пријателски натпревар за саканиот клуб. Мене лично ме гледаше и тогашниот тренер на црно-белите Душко Вујошевиќ, но на крајот не се договоривме, изјави Миротиќ пред 10-ина години.