Овогодинешниот вицешампион во Формула 1, Луис Хамилтон денеска стана витез на Обединетото Кралство. Тој лично беше прогласен за витез од престолонаследникот Чарлс од Велс во замокот Виндзор.
Така Хамилтон стана четвртиот возач во историјата на Ф1 кој ја добил оваа титула. Пред него, витези биле Џеки Стјуарт, Џек Барабам и Стерлинг Мос.
Седумкратниот шампион во Формула 1 ја загуби битката рекордната 8-ма титула оваа година, откако беше претекнат од Макс Ферстапен во последниот круг. Трката ја одбележа со нерегуларности и чудни одлуки на директорот, се пожалија Мерцедес, но залудно. Шанса за нова титула Хамилтон ќе бара следната година кога во неговиот тим ќе биде Џорџ Расел кој ќе го замени Валтери Ботас.