Долгоочекуваното ракометно дерби во Битола заврши без победник, Е.пелистер и Вардар ги поделија бодовите (27-27),
Македонскиот првак цел натпревар имаше водство и се чинеше дека лесно ќе стигне до победата, а имаше и позитива од пет гола, но им дозволи на битолчани да се вратат во игра.
На одморот се замина со резултат од 13-17 за црвено црните.
Потоа Битолчани со серија од 3-0 и расположениот Секељи се доближија на 15-17. Борко Ристовски беше расположен на голот на ВАрдар па не дозволи Пелистер да изедначи или да го презеде водството.
Вардар и покрај притисокот од публика, успеваше да одговори добро, позитива од четири гола ја одржуваше до средината на овој дел.
Пелистер дојде на минус два (20-22) во 47. минута со погодокот на Павлетиќ, а на голот кај домаќинот се разбуди и Секељи.
Со серија од 6-1 и по некои сомнителни одлуки на судиите, битолчани го вратија водството на почетокот 27-26 на минута и пол до крајот. Вардар не искористи напад за израмнување, на другата страна битолчани направија грешка. Десет секунди останаа за спас на гостите, Гаџа изнуди седум метри, Дибиров се избори за бод 27-27.