Сите погледи веќе се свртени кон македонската ракометна репрезентација и настапот на Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Шведска и Полска. Нашите ракометари ќе играат во Краков, а за противници ќе ги имаат селекциите на Норвешка (13.01), Холандија (15.01) и Аргентина (17.01).

Традиционално на трибините на секое големо натпреварување, ракометарите имаат голема поддршка од наши навивачи. Дел од навивачите доаѓаат токму од Македонија и не жалат за поминатите илјадници километри, дел доаѓаат од другите земји.

Македонската Фаланга од Виена редовно ја поддржува македонската ракометна репрезентација. Подготовките за Мундијалот веќе се почнати, билетите се обезбедени, на својата официјална „Фејсбук“ страница објавија информација за Краков.

Loading…