Тоа се случи во групната фаза од светското, клупско ракометно првенство, Супер глоуб, на натпреварот меѓу европскиот шампион Магдебург и Јуниверзити оф Квлинсленд од Австралија.
Германската екипа победи со 57-14 (28-7), a десното крило Петерсон постигна неверојатни 26 гола или во просек по еден на секои две минути поминати на паркетот, имајќи предвид дека не ги играл сите 60.
Во ракометот не се води прецизна статистика за случувањата во 20. век, но од 2000 наваму не е случено на меѓународен натпревар некој да постигне толку голови, така што ова е неофицијален светски рекорд. Досега за рекордер важеле Норвежанецот Кјетил Странд и Данецот Борис Шухел, двајцата со по 19 гола.
Ова не е апсолутен светски рекорд, туку само во меѓународните конкуренции, бидејќи белоруското крило, Никита Вајлупов, наводно имал постигнато 35 гола на натпревар од националното првенство на Белорусија, во 2010 година.