Завршниот и последен АТП мастерс турнир оваа година ќе се одржи во италијанскиот град Торино од 12 до 19 месецов. Најдобриот светски тенисер, Србинот, Новак Ѓоковиќ повторно е фаворит за трофејот, а само една победа му е потребна за да ја задржи првата позиција на АТП ранг-листата на крајот од годината.
Извршена е ждрепката, по која се познати групите. Во црвената група ќе играат Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Стефанос Циципас и Холгер Руне, додека во зелената група се Карлос Алкарас, Данил Медведев, Андреј Рубљев и Александер Зверев.
Српскиот тенисер како да доби посакувана ждрепка бидејќи во кариерата од овие тројца тенисери има само четири порази вкупно. Против Синер има три победи на исто толку натпревари, со Циципас има биланс од 11 победи и само два пораза, додека против Руне двапати победи, но и доживеал исто толку порази.
Во двојки, во „зелената група“ играат Додиг/Крајчек, Гонзалез/Роже-Васелин, Гранољерс/Себаљос и Гонзалез/Молтени, а во „црвената група“ се најдоа Кохлоф/Скупски, Бопана/Ебден, Рам/Селсбјури и Хиџиката/Кублер.
Завршниот АТП-турнир во Торино стартува овој викенд.