Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, но тоа не му помогна да ја задржи четвртата позиција на АТП-листата бидејќи му беа одземани 2.000 бодови, зашто турнирот оваа сезона не доделува бодови поради суспензијата на руските и белоруските тенисери.
Ѓоковиќ во моментов е на седма позиција, а наскоро би можел да падне уште неколку позиции затоа што треба да брани 1.200 бодови од Ју-Ес опен, но засега нема право да настапи во САД поради строгите правила за ковид-19.
Србинот во моментов има 4.770 бодови, па доколку не добие специјална дозвола за настап на последниот гренслем-турнир во сезоната, тогаш тоа ќе биде шанса за Андреј Рубљев, Феликс Оже-Алиасим, Јаник Синер, Камерон Нори, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц да го прескокнат Ѓоковиќ на АТП-листата.