Ливерпул не се прослави на пријателската средба против Манчестер Јунајтед во Бангкок каде претрпе висок пораз од 4-0.
Менаџерот Јирген Клоп искористи многу играчи, направи многу измени, но без разлика на се никој не очекуваше дека актуелниот европски вицепрвак ќе доживеа дебакл на дуелот во Тајланд. Ова беше воедно средба на која првите минути за „црвените“ ги одигра летното засилување Дарвин Њуњез, човекот за кого премиерлигашот издвои огромна сума на пари за да го привлече во своите редови.
Уругваецот не се прослави и имаше едно огромно промашување во самата завршница кога имаше можност да даде почесен гол и да го ублажи поразот.
Овој негов потег дојде по големата утка која ја имаше на тренинзите и стана вирална на социјалните мрежи, па слободно може да се каже дека напаѓачот полека ги добива првите критики иако е многу рано да се зборувава за било што со оглед на тоа што ова е онаа почетна фаза од подготовките.