Манчестер Јунајтед откако Френки де Јонг го одби трансферот, сега цел на „црвените ѓаволи“ е Сержињо Дест.
Каталонските медиуми пишуваат дека Јунајтед покажал интерес и би можел да тргне по Американецот со кој Тен Хаг соработуваше и во Ајакс.
Дест пристигна во Барса пред две години за 21 милион евра и одредени бонуси, а Каталонците се подготвени да прифатат идентична понуда.
Се чини дека Тен Хаг нема многу доверба во Арон Ван-Бисака, Диало успеа да се наметне на подготовките, но потребно е друго решение.
Дест е сè уште млад, има само 21 година и пред него се најдобрите години. Бековите се исклучително важни во системот на игра на Тен Хаг, тоа го видовме во Ајакс, затоа го донесе Маласија на левата страна.
Френки де Јонг и понатаму е прва и најголема желба на Ерик тен Хаг од Барселона, но Холанѓанецот сепак го одбива трансферот