Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека адвокати на Депај и Каталонците работат на спогодбата за раскин на договорот, со што отпаѓа од опција желбата за 20 милиони евра отштета која Барса би ја барала за трансфер до крајот на летово на својот фудбалер.
Според Романо, Депај ќе се согласи да замине од Барса само ако најде вистински клуб од елитното друштво каде би ја продолжил кариерата. Првично Холанѓанецот не сакаше да си замине од Барса, иако нема да има голема минутажа после доаѓањето на Роберт Левандовски и Рафиња, но и најавата за ангажман на Бернардо Силва од Манчестер сити.