Извонредниот голман на Португалија, Диого Коста со неверојатни одбрани и донесе на Португалија пласман во четвртфиналето од Европското првенство.
Тој најпрво во 115. минута му одбрани зицер на Шешко, а потоа во пенал серијата ги фати првите три удари од белата точка на Словенците и беше прогласен за играч на натпреварот.
Коста собори два рекорди. Тој стана прв голман со одбранети три пенали во пенал серија на Европско првенство и прв голман кој не примил гол во пенал серија на ЕП.