Австрискиот фудбалер Давид Алаба го спореди својот сегашен клуб Реал со поранешниот – Баерн.
Тој истакнува дека мадридскиот клуб е за нијанса поголем од клубот од Минхен.
“Двата клуба се синоним за апсолутен успех. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, како и Реал Мадрид. Сепак, во Реал се е малку поголемо од Минхен, а последното нешто што сакам е да го навредам Баерн”. рече Алаба. додаде:
“Баерн и Реал имаат одличен стил на игра. Разликите се во деталите и секогаш се сведуваат на тренерите и печатот што го оставаат. Тоа го забележувам со години во Баерн, а и овде не е поинаку. Во двата тима успехот е најважен. Овој тим на Реал Мадрид е гладен и амбициозен и влегува во секој натпревар за да победи. Истата приказна е и со Баерн“.
Тој ги откри и плановите за тековната сезона.
“Наша цел се титули во сите натпреварувања во кои играме. Се разбира и Лигата на шампионите. Баерн е секако еден од фаворитите, Ливерпул е силен, како и Челзи и Пари Сен Жермен. Затоа освојувањето на Лигата на шампионите е таков посебен потфат“, рече тој