Сон за навивачите на вечните ривали со години е Јакоб Пулен, актуелниот кошаркар на словенечка Цедевита Олимпија. Искусниот плејмејкер во интервјуто кое го даде за МеридијанСпорт изнесе многу интересни факти.
Пулен зборуваше зошто не ги засилил вечните ривали, кога добил понуди, но и за крајно морбидната ситуација која го снашла при гостувањето во Белград. Актуелниот кошаркар на словенечкиот клуб практично се „врати“ во Цедевита, со оглед на тоа што овој клуб во неговиот прв мандат се наоѓаше во Загреб. Токму тогаш пристигна понудата на Црвена звезда.
– На почетокот на кариерата надвор од САД неколку пати имав понуди од Партизан, ми се чини дека тоа се случи за прв пат пред да се преселам во Хапоел од Ерусалим, а на втората не се сеќавам точно. За малку ќе се договорев да соработувам со Звезда по првата сезона во Цедевита, буквално детално го анализирав договорот и бројките не беа во ред, изјави Пулен и продолжи
-Колку пари и да ми нудеа првично, подоцна ќе ја намалија бројката и едноставно се оддалечив од нив. Исто така, слушнав некои приказни за неплаќање на играчите, па решив да одам во друг правец. Ги почитувам двата клуба и двата се балкански гиганти, имаат фантастични навивачи и ги ценам, знам колку луѓето во Србија ја сакаат кошарката, истакна американскиот кошаркар кој има грузиски пасош.
Коментираше феноменалниот стрелец и за навивачите во Белград, притоа сеќавајќи се на едно гостување против Црвена звезда.
– Малку се местата чии фанови можат да се споредат со локалните, можеби тоа се само Турција и Грција, а добра публика има и Италија. Тука се издвојуваат Партизан и Звезда, нивните сали се постојано полни.
– Најлудото нешто ми се случи беше кога одиграв натпревар од Евролигата против Звезда во Белград во мојот прв мандат во Цедевита. Еден навивач стоеше многу блиску до теренот и ги знаеше имињата на мајка ми и трите сестри. Тоа ми беше смешно затоа што тој навистина ја „одработи домашната задача“,па ми рече: „Еј Џејкоб, да ти ја е***, таа, таа и таа“. Се насмеав, фала богу, да направиш нешто толку лудо е навистина импресивно, заврши актуелниот кошаркар на Цедевита Олимпија
Едно е сигурно, Пулен ќе претставуваше капитално засилување за двата вечни ривали во тие моменти , но тоа очигледно ќе остане само на можноста, со оглед на тоа што Пулен повеќе не обезбедува доминантни партии на нивото што го правеше претходно.