Во фантастична атмосфера, пред рекордни 20.041 гледач оваа евро сезона, кошаркарите на белградски Партизан ја дочекаа Барселона во дербито од 31. коло на Евролигата, но на крајот не успеаја да им донесат радост на своите навивачи.

Барселона успеа да ја потврди одличната форма, која по подобрата игра во поголемиот дел од натпреварот и донесе триумф со  89:80. Партизан го доживеа 14-от пораз сезонава, но го задржа седмото место, со скор 17-14. „Црно-белите“ пропуштија можност можеби веќе во оваа рунда да обезбедат пласман во плеј-офот на Евролигата, но нова шасна ќе имаат веќе во петок кога Реал Мадрид ќе гостува во Белград.

Во останатите пресметкии, Анадолу Ефес обезбеди лесна победа над Милано (89:69), додека Басконија на домашен терен беше подобра од Алба со 93:87.

ЕВРОЛИГА:

Макаби ТА – Виртус Болоња 111-80

Анадолу Ефес – Милано 89-69

Басконија – Алба 93-87

Панатинаикос – Баерн 86-76