Стеф Кари на својата кожа ги почувствува новите правила на НБА лигата.

Од оваа сезона, фаул повеќе нема да се му се свири на дефанзивецот кога шутер ќе се „внесе“ во дефанзивецот под неприроден агол или кога ќе ја истегне ногата под неприроден агол.

Ќе се досуди фаул во нападот или ништо нема да се досуди како во приложениот пример на Стеф Кари.

ВИДЕО

https://twitter.com/i/status/1445295156354240512

Тој дриблаше,тргна на шут  и се удри во дефанзивецот кој стоеше со кренати раце и како што налагаат правилата, тоа веќе не е фаул и ништо не е досудено.

„Ќе видиме дали ќе има доследност“, ја коментираше оваа одлука на судијата Еван Фурние, новиот играч на Њујорк Никс.