Кошаркарите на ЛА Лејкерс ноќеска дојдоа до втората победа во новата сезона и тоа во меч со драматична завршница против Њу Орлеанс пеликанс (120-117), во кој јунак не беше Леброн Џејмс, ниту Антонио Дејвис или Расел Вестбрук туку малку познатиот – Мет Рајан (25 години).
Тој во последната секунда од регуларниот дел постигна неверојатна тројка речиси од мртов агол, со што на „езерџиите“ им донесе есктра пет минути во кои дојдоа до посакуваниот триумф. Рајан средбата ја заврши со 11 поени (три тројки) и ќе ја памети додека е жив со оглед на тешкиот пат минат до добивањето шанса во Ел-Еј. Неговата приказна е малку позната, со оглед што во НБА влезе во март годинава во дресот на Бостон, каде што уфрли една тројка за пет минути на теренот.
На крајот од септември потпиша договор со екипата од Лос Анџелес, што може да се оцени како сензационално со оглед што до пред две години работел се и сешто за да дојде до некој долар. Рајан работел како гробар, а пред да потпише за „келтите“ работел и како доставувач. Неговата бајка продолжува, а може да биде и уште поспектакуларна ако продолжи да игра како на синоќешниот дуел.