Кошаркарскиот свет во САД е завиен во црно по информацијата за ненадејната смрт на 25-годишниот Кејлеб Сваниган, поранешен кошаркар на универзитетите Хомстед и Пердју, како и на НБА-екипите на Портланд и на Сакраменто.
Обдукцијата покажала дека починал од природна смрт без разлика на годините кои ги имал. Бил познат според прекарот „Биги“ поради преголемиот број килограми со кои се мачел целиот живот.
За настап во НБА беше драфтуван во 2017 година, но дебитира две години подоцна, а извесен период беше соиграч на Србинот Богдан Богдановиќ во таборот на „кралевите“. Со репрезентацијата на САД дојде до златниот медал на две големи натпреварувања и тоа на СП 2014 за кошаркари до 17 години во Дубаи и за СП 2015 за кошаркари до 19 години во Грција.