Кошаркарите на Денвер Нагетс ја постигнаа и втората победа во низа со 121:111 a го совладаа Орландо Меџик. Српскиот центар Никола Јокиќ мечот го заврши со 26 поени, 15 скока и 7 асистенции.
Нагетс веќе во првата четвртина стекнаа значајна предност, па по 12 минути игра беше 29:14. Избраниците на Мајк Мелоун имаа целосна контрола врз натпреварот. Орландо иако заигра подобро во продолжение, не можеше да му се закани на ривалот.
Никола Јокиќ беше најдобар играч во победничката екипа. Српскиот кошаркар го заврши мечот со 26 поени, 15 скока и 7 асистенции. Вил Бартон постигна 17 поени со 7 скока, Џеф Грин исто така броеше до 17.
Од друга страна, Франц Ванер постигна 26 поени и 8 скока, Вендел Картер имаше 25 поени и 12 скока, додека Џејлин Сагс додаде 16.
Денвер е на шестото место на западната табела со скор 32-25, Орландо е на 14-та позиција на Истокот со 13-46.
https://twitter.com/nuggets/status/1493447555576840193?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1493447555576840193%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.rs%2Fkosarka%2Fnba%2Fjos-jedna-magicna-partija-jokica-denver-nadigrao-orlando%2F