Бекот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ е прогласен за играч на неделата во Западната конференција. На истокот признанието го однесе кошаркарот на Чикаго Булс Демар Дерозан.

Словенецот доминираше во последната недела. На три натпревари имаше просек од 43 поени, 10,3 скока и 8,3 асистенции, па наградата беше сосема очекувана.

Сезонава најдобриот кошаркар на Меверикс има 27,2 поени, 9 скока, 9,1 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.