Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра одличен меч за Далас маверикс во победата против Кливленд кавалирс (120-112), додека Србинот Никола Јокиќ со 37 поени го наполни кошот на Индијана пејсерс (125-118).

Дончиќ имаше свое шоу на паркетот, па постигна 35 поени, девет скокови и 13 асистенции за трета победа по ред, па сега Далас се наоѓа на четвртата позиција и обезбеди место во следната фаза.

Пол постигна 38 поени за домаќините, но добри настапи имаа и Букер и Бриџес, кои постигнаа по 22 поени.

Блиску до пласман во нокаут-фазата е Денвер нагетс кој славеше на гости кај Индијана пејсерс со 125-118, откако Јокиќ постигна 37 поени, 13 скокови и девет асистенции.

Останати резултати:

Вашингтон – Орландо 127-110
Бостон – Мајами 98-106
Њујорк – Шарлот 114-125
Торонто – Минесота 125-102
Хјустон – Сакраменто 118-121
Окахома – Атланта 118-136
Сан нтонио – Мемфис 111-112
Голден Стејт – Феникс 103-107
Портланд – Њу Орлеанс 107-117