Далас претрпе тежок пораз на домашен терен од Њу Орлеанс 107:91. Далас одиграа добро во првото полувреме, но „пеликаните“ ги совладаа во третиот период со 35:20. До победата гостите ги предводеше Инграм со 24 поени, додека пак Дончиќ забележа дабл-дабл учинок – 21 поен и десет скока. Бобан Марјановиќ одигра осум минути и за тоа време постигна четири поени со три скока.

Голден Стејт го победи тимот на Феникс со 118:96 во големото дерби на Западот. Така, тимот на Вориорс на Санса на првото место побегна со пораз помалку. „Воините“ до победата ги предводеше Кари со 23 поени, додека Пејтон постигна 19, колку и Вигинс. Немања Бјелица одигра неполни 16 минути, постигна осум поени со шест добри скока и две асистенции. Кај Санса се истакна Ејтон со 23 поени, додека Пол застана на само 12 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Мајами 104: 113
Вашингтон – Кливленд 101: 116
Атланта – Филаделфија 96:98
Бруклин – Минесота 110: 105
Хјустон – Орландо 118:116
Далас – Њу Орлеанс 91: 107
Јута – Бостон 137:130
Голден Стејт – Феникс 118:96
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:119