Дербито меѓу Партизан и Црвена звезда беше историско бидејќи двата големи ривали за првпат се сретнаа во меч од Евролигата, на крајот во драматичен финиш црвено-белите се радуваа на победа од 73-76.
Атмосферата во белградската „Штарк“ Арена беше фантастична, Партизан имаше неверојатна поддршка од својата публика, но на крајот таа разочарана ја напушти салата.
Натпреварот беше рамноправен, екипите имаа свои периоди и се менуваа во водство. Првата четвртина му припадна на Партизан кој играше фантастична одбрана, 20-11 беше по првите десет минути. Но работите се сменија во вториот период кога Обрадовиќ го смени тимот. Црвена звезда комплетно го сврте мечот и на одморот замина со водство од 40-33.
Во второто полувреме Партизан повторно заигра на високо ниво, го врати водството, а на две ипол минути до крајот имаше и шест поени предност 71-65. Но до крајот на мечот постигна само два поени, а Црвена звезда девет. Недовиќ на две секунди до крајот погоди тројка за победа од 73-76.
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше токму Недовиќ кој постигна 20 поени, Вилдоза реализираше 14, двоцифрен беше и Петрушев со десет поени. Кај Партизан, Пантер постигна 15 поени, Мадар 14, Папапетру 13.
Ова беше четврти пораз по ред за Партизан во Евролигата, а Црвена звезда реди само победи откако Ивановиќ седна на нивната клупа.
Резултати Евролига:
Алба – Фенербахче 75:104
Панатенаикос – Милано 90:77
Макаби Тел Авив – Валенсија 84:68
Партизан – Црвена звезда 73:76