Во хрватскиот фудбалски шампионат лидерот Ријека киксираше на гости кај Славен Белупо (2-1).
Ријека одлично стартуваше на натпреварот во Копривница, поведе со 0-1 со голот на Фрук во седумнаесеттата минута. Домашниот тим дури во вториот дел ја разбија противничката одбрана па со два голови во краток период направи пресврт и стигна до значајна победа, па сега се на четвртото место на табелата.
Головите за Славен ги постигнаа Гргиќ и Долчек. Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски беше стартер во тимот а беше заменет во самиот финиш. Нашиот Јован Манев кај Ријека, влезе во игра од клупата во 60 минута.
Победата на Славен Белупо е во корист и на Хајдук и Динамо Загреб, кои се во трка со лидерот Ријека за шампионската титула. Ријека е лидер со 50 бода, два бодови повеќе од Хајдук и пет од Динамо Загреб, со тоа што истите имаат одиграно натпревар помалку.