Искусниот шпански стопер Жерар Пике е многу блиску до можност да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Прославениот шпански репрезентативец и долгогодишен член на Барселона едноставно не се гледа себеси на „зелените терени“, па ова би бил сосема логичен и сосема очекуван потег.
Пике е роден во Барселона, има 35 години, а за шпанската репрезентација одигра 103 натпревари и постигна пет гола. Ги мина и апсолутно сите помлади селекции на оваа земја, а добро е познато дека како јуниор играше на позицијата централен напаѓач, но сепак кариерата ја градеше многу подефанзивно. Во текот на својата кариера, Пике, покрај за Барселона, играше и за Манчестер Јунајтед и Реал Сарагоса.
Сезонава одигра 19 натпревари и постигна еден гол во шпанското првенство.