Салернитана и Специја oдиграа одлична партија во 24. коло од Серија А,  резултатот на крај беше 2:2. Симоне Верди ги постигна двата гола за домашниот тим.

Двата пати ја затресе мрежата од слободен удар. Прво во третата, а потоа и во 16. минута. Тоа беа вистински проектили во горниот агол, па топката ја симна пајажината.

https://twitter.com/KTaflan1/status/1490799979555962881?s=20&t=IKtgLJWOP5cItM-C69G84w

Верди веќе подолго време има проблеми со повреди, а до овој натпревар постигна само еден гол во Серија А оваа сезона. Се чини дека го наместил и дека повредата е минато.

Интересно е што двата гола на Специја беа од белата точка. Првиот пенал го реализираше Манај во 12. минута, а вториот Верде во 30. минута.