Герет Бејл е блиску до одлука да ја заврши кариерата, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Велшкиот интернационалец Герет Бејл одамна не е во форма, а деновите на слава одамна му поминаа. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти оваа сезона речиси и да не смета на Велшанецот, а тој заработува огромна плата.

Некогаш незапирлив дефанзивец, а подоцна и крилен напаѓач, сезонава за Мадрид одигра само 193 минути. Синоќа не влезе во игра против Гранада иако надвор од тимот беа Бензема и Винисиус Жуниор.

Единствениот мотив за Герет Бејл би можел да биде настапот на Светското првенство, но Велс преку дополнителен бараж ќе се бори за место на мундијалот. Доколку Велшаните не се пласираат на најголемиот фудбалски фестивал, тоа многу лесно може да значи и крај на кариерата за Герет Бејл.