Вилјареал вторпат во клупската историја триумфира на „Сантијаго Бернабеу“, и дефинитивно стави крај на шампионските надежи на „кралевите“, а тоа донесе и голема нервоза кај играчите наљ Реал.
Неочекуваното „трето полувреме“ во Мадрид, заврши во боксерски стил. Според медиуми од Пиринеите, Феде Валверде го нокаутирал Алекс Баена кога тој одел кон клупскиот автобус, информацијата ја потврди и портпаролот на фудбалерот на Реал.
„Кавгата помеѓу двајцата е уште од натпреварот во Копа дел Реј, кога Баена го удри Феде и му се обрати со следните зборови: Плачи сега, твојот син нема да дочека да биде роден! Тоа остана на теренот, но овојпат му кажал нешто слично на Феде и овој решил да го сочека пред автобусот. Јасно му ставил до знаење дека не смее да го меша семејството и се случило тоа што се случило“, изјави портпаролот на Валверде за „Марка“.
Кралскиот тим на двапати водеше во синоќешниот дуел, но „жолтата подморница“ не само што двапати се врати во игра туку на крај успеа да постигне и победнички погодок. „Кралевите“ остануваат на минус 12 зад Барселона, која денеска има шанса со триумф над Жирона дополнително да ја зголеми веќе недостижната предност.