Лондонски Челзи урна трансфер-рекорди оваа сезона, потроши преку 600 мил. евра во двата преодни рокови, го урна премиерлигашкиот рекорд со ангажман на Енцо Фернандез. Но сепак гигантот е очаен, со мизерни резултати , во Премиерлигата по 30 натпревари има 29 голови, или во просек под еден гол.
Челзи има катастрофална сезона со толку потрошени пари, а доказ за тоталниот хаос и најдобар показател е норвешкиот голгетер Халанд, кој летово дојде за 75 милиони евра во Манчестер сити од Борусија Дортмунд.
Халанд сезонава на 29 натпревари има постигнато 30 голови. Повеќе од прескапо преплатениот цел тим на Челзи.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1644761977602932739?s=20