Македонскиот репрезентаттивец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во шкотската Премиер лига.
На дуелот на Абердин против Ливингстон, кој се уште е во тек, нашиот напаѓач веќе постигна два гола и е најзаслужен што неговиот тим води со 2-1. Гостите поведоа во 28. минута, но Миовски израмни во 42., а потоа го донесе во предност Абердин кон средината на второто полувреме.
Со овие два гола, Миовски стигна до бројката од осум сезонава во шкотското првенство и му недостасува само еден да избие на чело на листата на стрелците.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува да игра во одлична форма.
Пред крајот на првото полувреме, во 42. минута, Девлин центрираше во казнениот простор, а Миовски постигна извонреден гол со глава.