Повторно Барса се мачеше, и дури во самиот финиш ја осигура победата. Многу потешко од очекувањата, Барселона ја оствари 11. победа во Ла Лига откако вечерва го победи фенерџијата  т.е. последнопласираната Алмерија со 3-2.

Противникот не само што е на дното од табелата, туку сезонава уште нема победа во оваа конкуренција и само чудо може да ја спаси од испаѓање во понизок ранг. Сепак, Барселона се намачи да ја победи, а голот за триумф го постигна дури во 83. минута.
<

Херој на „каталонците“ беше капитенот Серхи Роберто кој на два пати се запиша во листата на стрелците, вклучувајќи го и погодокот за победа.

https://twitter.com/i/status/1737554042572702192 https://twitter.com/i/status/1737559757798469686

Резултатот го отвори Рафиња во 33. минута, Лео Баптистао израмни пред крајот на полувремето, а потоа следуваа првиот гол на Роберто и второто израмнување преку Гонзалез. Роберто имаше шанса и за хет трик но само ја затресе пречката од протвничкиот гол. Прекрасна шанса имаше Гундоган, кој успеа од еден метар со глава да го промаши голот, и можно е дабиде промашување на сезоната.

Со овој натпревар, заврши годината за Барселона која следниот натпревар ќе го одигра на 4 јануари на гости кај Лас Палмас.