Германскиот првак Баерн Минхен го доживеа вториот пораз оваа сезона во Бундес-лигата откако загуби со 3-2 на гости кај Борусија Менхенгладбах. Тоа е шанса за Унион Берлин и за Борусија Дортмунд да одговорат на предизвикот.
Дајот Упамекано по само десетина минути го остави Баерн со десетмина откако доби црвен картон, а Штиндл тоа го искористи во 13.минута. Баерн израмни преку Чупо Мотинг до полувремето.
Хофман донесе нова предност за домаќинот, а Маркус Турам зголеми на 3-1 во 84.минута. Баерн успеа да намали во судиското продолжение со голот на младиот Матијс Тел.
Фрајбург дојде до победа на гости со 0-2 против Бохум со головите на Грегорич и Холер, додека Лајпциг беше уште поубедлив (0-3) на гостувањето против Волфсбург. Форсберг, Лајмер и Шобошлаи беа стрелци на головите за Лајпциг.
Штутгарт го победи Келн со 3-0, со головите на Гил Диас,Соса и Кулибали.