Во последниве години, изведувањето пенали стана психолошка игра помеѓу изведувачот и голманот, особено кога е во прашање врвното ниво на фудбалот.

Додека некои играчи се држат до традиционалното шутирање, односно трчање од неколку метри и силен и прецизен удар, има и такви кои се обидуваат да експериментираат.

Во светот на фудбалот, барем кога нивото е врвно, Жоргињо е познат по својот начин на шутирање пенали. Играчот од средниот ред на Челзи скока пред ударот и на тој начин го мами голманот кој најчесто завршува на земја.

Сепак, токму ваквиот начин на изведување на пенал ја чинеше Италија директен пласман на Светското првенство бидејќи играчот од средниот ред со бразилско потекло промаши два пенали во квалификациите против Швајцарија.

Досега сме виделе многу трагикомични пенали во минатото, кои дефинитивно спаѓаат во групата на најлошо изведени пенали во историјата.

Можеби најапсурдниот пенал ни доаѓа од Африка. Не се знае за кој играч станува збор и за која конкуренција станува збор, но неговиот ужасен удар стана вирален

Имено, овој фудбалер истрча околу 40 метри, отиде практично до кругот кој го означува центарот на теренот и почна да трча.

Истрча во права линија, потоа цик-цак, сето тоа во желба да го измами голманот, но кога стигна до топката следеше срамен удар. Шутираше толку слабо и остави впечаток дека е уморен додека стигна до белата точка.
Голманот сето тоа добро го виде, „падна“ на десната страна и без поголеми проблеми одбрани, а очајниот трагичар се фати за глава. Ако научи нешто од ова е дека повеќе нема да изведува пенали на овој начин.

https://www.youtube.com/watch?v=-mIfoLwDUSk